Достапноста на Samsung Galaxy Fold наскоро ќе се прошири во повеќе земји, објави The Korea Herald. Јапонија, Мексико, Полска и Швајцарија ќе бидат додадени на списокот на земји каде ќе биде достапен Galaxy Fold, приклучувајќи се на пазарите на Јужна Кореја, САД, Велика Британија, Германија, Франција и Сингапур.
За Јужна Кореја, Samsung веќе подготвува трета рунда од уредот – компанијата го продава својот телефон во тури од по 10 000 примероци. Иако има висока цена, достапните примероци на Galaxy Fold се распродаваат за неколку минути. Според аналитичарите на пазарот, Samsung веќе продал 20.000 Fold модели во претходните две рунди.
Претставниците на индустријата сугерираат дека ова повеќе е маркетинг алатка, за да се зголеми вредноста на флексибилниот уред лимитираната достапност. Тие посочуваат дека Samsung Display заштедил 100.000 флексибилни дисплеј панели, иако некои од нив се резервирани за сервисирање.