Заедно со објавата на AMD на графичката картичка Radeon RX 5500, MSI го претстави и гејминг лаптопот Alpha 15. Станува збор за прв лаптоп за гејмери, кој во себе ја содржи Navi/RDNA графичка картичка, со што AMD дефинитивно се враќа на пазарот на мобилни графички картички.
MSI Alpha 15 се очекува на пазарот во текот на овој месец, по цена од 999 долари. Лаптопот ќе има AMD Ryzen 7 3750H процесор, до 16GB DDR4 2400MHz RAM меморија, 15.6-инчен Full HD FreeSync екран со освежување од 120Hz или 144Hz, до 512GB NVMe простор за складирање и осветлена тастатура.
Моделот со цена од 999 долари ќе има тастатура со една зона на осветлување, 120Hz дисплеј и 8GB RAM, додека моделот со цена од 1099 долари ќе има SteelSeries RGB тастатура, 16GB системска меморија и 144Hz екран. Двата модела имаа Wi-Fi 5 конекција, Bluetooth 5.0 поддршка и Killer Ethernet.