Американската вселенска агенција NASA објави дека две жени коишто се наоѓаат на Меѓународната вселенска станица во октомври за првпат заедно ќе заминат во веселената.
Астронаутите Кристина Кук, која е инженер на NASA и Џесика Меир на 21 октомври заедно ќе заминат во вселената за да стават нови батерии во станицата. Тоа ќе биде првата женска екипа на космонаути во вселената.
Астронаутот Кук требаше да замине во вселената во март годинава, но NASA се откажа од тој план, бидејќи немаше доволно време за да се подготви вселенскиот костум за неа.
Заменичката на шефот на службата за астронаути на NASA, астронаутот Меган Мекартур изјави дека заминувањето на женската екипа ќе биде важна етапа и дека заслужува прослава.