Апликацијата за споделување на мобилни фотографии и видеа Instagram, промовираше нова алатка што треба да помогне да се изгради подобра алтернатива на YouTube за креаторите на содржини кои сакаат да пробаат друга платформа, пренесува TechCrunch.
Станува збор за посебен профил наречен @creators, која ќе им дава совети на луѓето кои сакаат да бидат поактивни на платформата.
Според специјално Story со основни прашања и одговори, објавено во сметката, како и кратко објаснување со повратни информации, од некои креатори на содржини на Instagram, покажува, на пример, како можете да ја верификувате вашата сметка – нешто што веројатно ќе го прашуваат корисниците редовно.
Пораките за креатори вклучуваат неколку корисни совети, како што е фактот дека околу 60% од луѓето слушаат звук на приказните во апликацијата.