Pocophone F1 беше еден од најуспешните телефони на компанијата Xiaomi во текот на 2018. година. Смартфонот имаше одлични спецификации и достапна цена. Меѓутоа, и покрај овој успех, Xiaomi не најави негов наследник, а во последните месеци на 2019. година ништо освен спорадични гласини не се појавуваат за Pocophone F2 моделот.
Многу фанови веќе почнуваат да искажуваат незадоволство поради недостаток од информации за достапниот флегшип, а сега пристигнаа и интересни информации кои на многумина им влеваат надеж дека телефонот наскоро ќе биде претставен. Ману Кумар Јаин, шефот на Xiaomi India одделението, на Twitter ненамерно навести кога би можел да пристигне Pocophone 2. Официјалното лице на компанијата објави фотографија од деловен состанок, која во себе содржи назнака од периодот кога се очекува F2.
На фотограгијата, зад официјалното лице на Xiaomi се наоѓа табла на која наводно е временската рамка на објавата на производи на компанијата. Доколку се зумира доволно блиску, прикажано е дека Mi Pad е планиран за мај и јуни, додека F2 е уфрлен во последното тримесечје од годината.
We have a new CXO at @XiaomiIndia: #CDO! ? Chief Diwali Officer! ?
This is me having a debate with @SnehaTainwala, who leads #Diwali planning for smartphones! ?
Am scared to get into meetings with #bosswoman Sneha. I spoke abt targets & became a target myself. ?#Xiaomi ❤️ pic.twitter.com/cGbYKXHYJs
— Manu Kumar Jain (@manukumarjain) September 28, 2019
Сепак, овие информации би требало да се земат со резерва – Mi Pad (4/4 Plus) не беше објавен во Индија оваа година, што би можело да значи дека информациите од таблата се застарени или можеби се однесуваат на идната година.
Останува да се види какви се плановите на Xiaomi за Pocophone 2 и дали воопшто ќе го видиме наследникот на популарниот смартфон од минатата година.