Мистериозни древни кругови откриени во најстарата пустина во Намибија, Африка, ги збунија научниците, пренесуваат светските медиуми. Некои веруваат дека станува збор за печат направен од древни богови, други трагите ги поврзуваат со вонземјани, додека локалните жители ги нарекуваат кругови на смртта.
Овој африкански феномен со децении предизвикува сомнеж кај многумина, а познат е под името „вилински кругови“. Овие кругови се правилно исцртани, а голата површина покриена со песок е опкружена со тревнa вегетација. Нивниот пречник изнесува од два до петнаесет метри.
Чудните кругови исчезнуваат по неколку децении. Помалите траат во просек од 24 години, додека големите можат да опстојат и до 75 години. За нив локалните жители дознале во 1970 година. Повеќето теоретичари на заговор ги поврзуваат со НЛО, но научниците претставиле неколку сериозни хипотези за нивните можни причини.
Слични вакви кругови се забележани и во Австралија. Најпозната легенда од домородските африкански племиња вели дека круговите се направени од змеј кој живее под земјината кора. Неговиот огнен здив ја гори целата вегетација на површината, а поради тоа домородците не сакаат да се приближат на ова место.
Велат дека се плашат да не изгорат. Пооптимистите тврдат дека станува збор за печати направени од древни богови. Посовремени научници, пак, сметаат дека најверојатно станува збор за траги направени од удар на метеор. На овие места обично се собираат бактерии или настанува електромагнетно поле.