Извршниот директор на Facebook, Марк Цукерберг, се состана со американскиот претседател Доналд Трамп кога членовите на американскиот Конгрес остро го испитуваа за неуспесите на социјалната мрежа во заштитата на приватноста на потрошувачите.
Трамп, кој постојано го критикува Facebook обвинувајќи го дека е пристрасен во корист на демократите, на Twitter објави фотографија со Цукерберг и напиша дека станува збор за убава средба во Овалната просторија.
Nice meeting with Mark Zuckerberg of @Facebook in the Oval Office today. https://t.co/k5ofQREfOc pic.twitter.com/jNt93F2BsG
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) September 20, 2019
Facebook соопшти дека еден од шефовите на компанијата имал „добра, конструктивна средба со претседателот Трамп во Белата куќа“.
Ниту една страна не даде детали за разговорот, пренесува „Ројтерс“.