„Џенерал моторс“ (ГМ) повлекува повеќе од 3,4 милиони пикап и СУВ-возила во САД поради проблеми со сопирачките.
Ќе бидат повлечени моделите „шевролет силверадо“ и ГМЦ Сиера 1500, 2500 и 3500 произведени од 2014 до 2018 година, како и „кадилак ескалад“ од 2015 до 2017 година, како и ГМЦ Јукон, „чеви субурбан“ и „тахое“ од 2015 до минатата година.
ГМ објасни дека пумпата во сопирачките може да произведе помалку вакуумска моќност отколку што е потребно, со што се зголемува растојанието за застанување и можноста од судир.
Повлекувањето дојде откако Националната управа за безбедност на сообраќајот на патиштата почна истрага минатиот ноември.