Кинеската компанија Didi Chuxing започнува со тестирање на патнички превоз со автономни автомобили во кинеските градови, a од 2021 планира проширување и надвор од границите на Кина.
Во САД веќе е можно да нарачате такси со кое ќе управува исклучиво компјутерот, и иако оваа опција е достапна само во мала област, а има и backup возачи (за секој случај), сепак е голем чекор кон иднината во која компјутерите целосно ќе ги заменат луѓето и ќе управуваат со возилата самостојно. Покрај американските компании како Waymo и Tesla, голем напредок во развојот на автономната технологија имаат и Кинезите, а наскоро жителите на еден дел од Шангај преку апликација ќе можат да нарачаат такси на Didi Chuxing со кое ќе управува компјутер, при што овој вид возење од иднината во текот на тест периодот ќе биде бесплатно.
Автономниот такси пилот-проект вклучува дури 30 модели на автомобили кои ќе бидат опремени со технологија што ќе овозможи четврти степен на автономија. Првично, во овие возила на предното седиште ќе има возач подготвен да ја преземат контролата на управувачот доколку е потребно, но еден ден и тој возач ќе исчезне и нашите судбини ќе бидат целосно во рацете на вештачката интелигенција и компјутерите.
Покрај големиот број технолошки предизвици, пред технолошките и автомобилските компании лежат и регулаторните предизвици. Така, минатата недела од Waymo ги повикале регулаторните органи да ги променат законите и регулативите во САД кои би вклучиле тестирање на возила без волан, без педала за гас и сопирачките, при што и понатаму мора да се задржат максималните услови за безбедност.
Извор: Додај Гас
Поврзани артикли