Sara De Antonio Feu од Шпанија е победничка на престижниот Nikon Photo Contest 2018/2019. Победниците во неколкуте категории беа објавени на специјален настан во Токио, каде што беше одбележана и 50-годишнината на овој натпревар. Дванаесет членови на жирито ги одлучуваа најдобрите, кои беа избрани од дури 97.369 пристигнати фотографии од околу 33.000 фотографи од 170 држави. De Antonio Feu победи на изборот благодарејќи на фотографијата која е направена во Гана, а на неа е прикажана Ayimpoka, девојче кое боледува од албинизам, генетско нарушување кое во таа држава води до дискриминација заради наводната поврзаност со вештерство.
Победничката фотографија е направена со фото-апаратот Nikon D5600. Паричната награда изнесува 500.000 јени, односно колу 4.800 долари. Според изјавата на победничката, таа парите ќе ги намени кон образование на Ayimpoka, ликот од фотографијата. Повеќе информации можете да најдете на официјалниот сајт: www.nikon-photocontest.com.