Теренс Инглиш кој ја извршил првата трансплантација на срце во Велика Британија пред 40 години тврди дека најдоцна за три години срцето на свињата во целост ќе може да го замени човековото.
Модифицирани срца од свињи би можеле да се трансплантираат кај луѓе за само неколку години од сега, смета хирургот кој пред 40 години во Обединето Кралство ја изврши првата успешна трансплантација.
Сер Теренс Инглиш, зборувајќи на годишнината од неговиот подвиг во 1979 година, изјави дека до крајот на годинава ќе се обиде да изврши трансплантација на бубрег од свиња во човек.
Тој верува дека таквото пресадување ќе биде вовед во многу посложени трансплантации на органи од животни во човечки тела, процес наречен ксенотрансплантација.
Срцата на свињите имаат слична анатомија како оние кај луѓето, па токму затоа се користат и како модели на кои се вршат разни тестирања.