Познатата компанија за изработка на PC и гејминг периферии ја претстави најтенката механичка тастатура на светот.
Компанијата Logitech, вчера претстави две нови механички тастатури чија главна карактеристика е тоа што се неверојатно тенки.
Во прашање се моделите G915 Lightspeed и G815 Lightsync кои имаат ултратенок дизајн. Висината на овие тастатури се 2,2 милиметри. Нема разлика помеѓу овие два модели, освен тоа што G915 е безжична варијатна.
Од Logitech велат дека батеријата може да издржи неверојатни 135 дена играње без употреба на кабел, со исклучено RGB осветлување. Тастатурите се прилично скапи, со цени од 200 и 250 долари.