Apple ја објави седмата бета верзија на претстојниот оперативен систем iOS 13, а меѓу фотографиите кои се прикажани по тој повод се појавува и датумот кој укажува кога ќе бидат претставени новите iPhone модели. Според нив, тоа ќе се случи на 10. септември оваа година.
Скриншотот наречен „HoldForRelease“ ја прикажува и иконата на Calendar апликацијата за iOS, која на себе го има датумот 10. септември. Тоа секако, само по себе, не значи дека баш тогаш ќе бидат претставени iPhone 11 моделите, но ако земеме во предвид дека минатата година е прикажана слична снимка на која беше означен 12. септември (датумот на кој беа претставени iPhone XS и iPhone XS Max), тогаш работите стануваат многу појасни.
Дури и доколку во јавноста не протече оваа фотографија, би можело да се очекува премиерата на новите смартфони на Apple да се одржи во тоа време. Компанијата од Купертино веќе со години ги претставува новите iPhone уреди во тој период. Настаните секогаш се одржуваа во вториот вторник во септември, освен минатата година, кога беше одржан во среда (веројатно затоа што вторник се падна на 11. септември).