Samsung продолжува да биде доминантен фактор на пазарот за смартфони со Android и веќе експериментира со голем број возбудливи нови технологии. Корејскиот производител има регистрирано во своето име патент на уред чиј дизајн досега не е забележан во индустријата, пишува Digital.bg
Причината за ова е тоа што документите опишуваат смартфон кој нема еден или два, туку три екрани на допир. Концептот предвидува моделот да има класичен дизајн „Clamshell“, кој во минатото беше доста популарен.
Самиот патент е поднесен во Корејската канцеларија за интелектуална сопственост (КИПО) пред неколку недели. За да го постигне ова, Samsung има намера да создаде уред кој има три одделни дисплеи.
Секој од панелите може да се лизга и да се прикажува на левата и десната страна, и тие да бидат надополнети со посебен механизам што ги движи 180 степени. На дното на рамката ќе има простор со тркалезно копче кое физички ги поврзува екраните.