Ровер на НАСА што орбитира околу Марс сними нови фотографии на кои се гледаат два нефункционални вселенски објекти замрзнати во нивните „гробови“ на Црвената Планета.
Фотографиите ги сними моќниот ровер на НАСА Mars Reconnaissance Orbiter (MRO), кој кружи околу планетата од 2006 година.
Вселенското летало прво пат го забележа мртвиот ровер на НАСА Phoenix Mars Lander на арктичкиот пол на Марс на 26 јануари и го документираше со фотографија во боја на која се гледа леденото опружување околу лендерот што слета на Марс во 2008 година.
На друга фотографија, MRO ја забележа триподната платформа за слетување на роверот Spirit што НАСА го испрати на Марс во јануари, 2004 година.
На фотографијата на MRO снимена на 29 јануари, платформата на лендерот Spirit се гледа како светла точка во долниот лев агол, југозападно од кратеро Бонвил.
Spirit и неговиот близнак Opportunity оригинално требаше да фнкционираат три месеци и задачата им беше да бараат знаци дека некогаш имало вода на Марс.
Меѓутоа, роверите ги надживеаја очекувањата и дадоа важни информации за Марс, како и докази дека Црвената Планета порано била многу повлажна и потопла.
Spirit престана да се движи откако заглави во песок во мај, 2009 година. Контролорите на мисијата потоа го трансформираа во статична опсерваторија и Spirit продолжи да праќа податоци од неговата фиксна локација. Но, 10 месеци подоцна роверот замре бидејќи не можеше да „фати“ доволно сончева светлина на своите соларни панели во текот на суровата марсовска зима.