Сопствениците на постари iPhone телефони со посебна доза на сомневање го гледаат секоj нов апдејт на iOS.
А бидејќи апдејт е практично пат во еден правец, дали би требало да инсталирате нов iOS ако имате уред стар од неколку генерации?
Со други зборови, дали iOS 12.4 ќе го забави вашиот iPhone?
Тестовите извршени по излегувањето на новиот апдејт покажуваат дека новиот iOS нема да го успори вашиот телефон и дека iPhone ќе работи како што работел на iOS 12.4.1.
Лошата страна на апдејтот е дека не постои ни забрзување на перформансите на телефонот, што значи дека телефонот ќе работи подеднакво бавно како и под претходната верзија.
А тоа особено се однесува на iPhone 5S и iPhone 6.
Но, една предност која е забележана е дека новиот iOS е малку поблаг за батеријата на телефонот, така што по инсталацијата нема да ве чека некое непријатно изненадување.
Извор: Telegraf.rs