Шведскиот хотел со име “28th Icehotel” е посебен по тоа што е направен од мраз и изгледа како ледено кралство.

Хотелот е отворен овој месец во Лапонија, а на гостите им нуди преноќиште во соби и апартмани целосно изградени од мраз. Цел хотел е украсен со уникатни дела од локални уметници.

Сепак, на гостите нема да им студи во ледениот хотел, бидејќи на располагање имаат многу топли прекривки и облека, за престојот да им биде што покомфорен. Секоја соба и апартман имаат уникатен изглед, а погледот на околината прекриена со снег е навистина неверојатен.

Во секоја соба има импресивни скулптури.

Хотелот се наоѓа на 200 километри северно од Арктичкиот круг, а се гради секоја година кога ќе замрзне реката Торне. “Метеријалот” е всушност мразот од таа река, а за изградба на хотелот потребни се 1.000 тони мраз.

Температурата во собите и апартманите е константна и изнесува минус 5 Целзиусови степени.

Хотелот нуди богата програма на зимски активности, меѓу кои и возење со санки.

Хотелите направени од мраз станале популарни минатите неколку години, а ги посетуваат туристи кои посакуваат единствен зимски одмор.

Извор: Klix.ba