Rover Curiosity ги воодушеви сите љубители на астрономијата и необичните светови со една од најубавите панорами на Црвената планета до денес.
Роботот на NASA, Rover минатата зима сними спектакуларна панорама на која јасно се гледа тлото на кратерот на Марс, Гејл. Погледот кој досега од северниот дел на Маунт Шарп, подрачјето познато како Vere Rubin опфаќа дури 85 километри од местото на снимката, прикажува многу повеќе од самиот раб на кратерот, кој во моментот на снимање се наоѓал околу 30 километри од роверот.
За панорамата е одговорна сателитската камера Mastcam на Curiosity, која сликите ги сними на почетокот на минатата година – во текот на периодот препознатлив по невообичаеното бистро небо – непосредно пред доаѓањето на зимската краткодневица на Марс.
“Иако Curiosity полека се искачува веќе пет години, ова е прв пат целата негова досегашна мисија да можеме да ја видиме во една фотографија”, коментираше Ashwin Vasavada, научник кој работи на проектот на NASA, Curiosity во рамките на JPL.