Извештајот на Washington Post сугерира дека Google и YouTube го прекршиле Актот за онлајн заштита на приватноста на децата (Children’s Online Privacy Protection Act – COPPA), кои на сајтовите им забранува да собираат информации за децата, кои се помлади од 13. години, без согласност на нивните родители.
Истрагата е резултатот на жалбите кои на агенцијата и биле упатувани уште од 2015. година, а истрагата беше предочена во јавноста во јуни. Сега изгледа дека агенцијата успеала да се нагоди со Google.
Иако количината на пари, која ќе ја плати Google веројатно нема да претставува удар за приходите на компанијата, кои се мерат во милијарда долари, ова би можело да претставува почеток на можните идни проблеми со регулативите со кои би можел да се соочи Google. Исто така, ова би можело да се гледа и како предупредување на другите технолошки компании, кои би можеле да се најдат под “лупата” на FTC поради слични проблеми.