Денес речиси не постои место на интернет на кое можеме да имаме целосна приватност.
Facebook, Google и Oracle следат кои порно филмови ги гледате, открива новото истражување кое го спроведе New York Times.
Истражувачите од Microsoft и Универзитетот во Пенсилванија, анализирале 22.484 сајтови со порногравска содржина со помош на алатката која се вика „webXray“ за да ги идентификуваат алатките за гледење кои праќаат податоци на трети страници.
„Нашите резултати покажуваат дека следењето е целосно вообичаено на порнографските сајтови – 93 отсто од страниците праќаат податоци на трети лица“ – стои во истражувањето.
Од сајтовите кои ги скенирале во март 2018. година, откриено е дека Google има алати за следење на 74 отсто од нив, Оracle на 24 отсто, а Facebook на 10 отсто.
А најлошото од сè е тоа што ни користењето на инкогнито браузерот не е никаква одбрана, особено ако го земеме предвид податокот дека само 17 отсто од сајтовите имаат енкрипција.
Овие алати за следење можат да бидат поставени од разни причини на Google. „Analytics“ праќа податоци, за сајтовите да можат да го следат својот сообраќај. Facebook им нуди можност на сајтовите да ги ембедуваат неговите лајк функции, а за возврат добиваат податоци за посетителите.
Што точно се случува со податоците кои се собираат тешко е да се направи проценка.
Извор: Telegraf.rs