Апликацијата FaceApp стана популарна во целиот свет, па така и во Македонија. Стартуван е FaceApp Challenge и се чини дека сите сакаат да видат како ќе изгледаат кога ќе остарат. Сепак, експертите предупредуваат дека користењето на оваа апликација не е препорачливо од повеќе причини.
Како и сите други вирални апликации, FaceApp пронајде начин да ги заинтересира корисниците ширум планетата. Ова е втор пат, оваа апликација да е популарна во светот, прв пат го освои светот во 2017. година, кога беше инсталирана 80 милиони пати.
Апликацијата користи неколку филтри за да ги “остаре” вашите селфи фотографии и да ви прикаже како ќе изгледате кога ќе бидете постари. Покрај ова, апликацијата има уште неколку ефекти кои не доживеаја толкава популарност како ефектите за стареење.
Откако корисниците креираат фотографии на оваа апликација, ги споделуваат на социјалните мрежи и така ги повикуваат и своите пријатели да се придружат на виралниот предизвик.
Меѓутоа, експертите сметаат дека не е препорачливо да се креираат селфи за оваа апликација. Имено, FaceApp е создаден во Русија, поточно во Ст. Петерсбург. Творец на оваа апликација е Јарослав Гончанов, бивш вработен во фирмата Yandex, пишува Popular Mechanics.
Со оглед на тоа дека постои големо ниво на сомневање во врска со руските компании и нивното влијание на изборите што се одржаа во Америка во 2016. година, луѓето се загрижени од фактот дека руската апликација FaceApp станала толку популарна, најмногу поради тоа што основа на користење е вашата фотографија, на која совршено добро се гледа вашето лице.
“Постои голема можност дека ваквите апликации се креирани за да издадете што е можно повеќе информации за себе, а тоа и да не го знаење. Вие буквално им давате квалитетни и изострени фотографии од вашето лице. Кога тоа ќе го искомбинираат со вашето име, презиме и останатите детали кои исто така ги добиваат низ апликацијата – сето тоа можат да го користат било кога и било каде”, предупредува Марк Будрија, потпретседател на компанијата Hypergiant.
Тој додава дека за усовршување на профилот за вас е потребно да се разгледаат неколку ваши профили на мрежите како Facebook, Instagram и LinedIn и да ја надополнат целата приказна. Експертите предупредуваат дека ваквите работи би можеле да создадат дополнителни компликации во гласањето на многу политички избори.
Американски сенатор бара истрага за апликацијата FaceApp
Американскиот сенатор и лидер на сенатското малцинство, Чак Шумер повика на истрага поради загриженоста за националната безбедност и приватност во врска со популарната апликација за уредување на лице, чиј инвеститор е со седиште во Русија. Шумер кој е демократски сенатор од Њујорк во писмо до ФБИ и до Федералната комисија за трговија посочува дека апликацијата „FaceApp “ бара од корисниците да обезбедат „целосен и неотповиклив пристап до нивните лични слики и податоци“.
Според него, пристапот може да претставува “ризик за националната безбедност и приватноста на милиони граѓани на САД”. Апликацијата има повеќе од 80 милиони активни корисници. За апликацијата воведена во 2017 година, која е предводена од компанијата на поранешниот директор на Јандекс, Јарослав Гончаров, нема докази дека споделува кориснички податоци со трети лица, вклучувајќи ја и руската влада.