Neuralink, четвртата компанија на Елон Маск и една од “најневидливите”, вчера стана малку потранспарентна во презентацијата на целите и технологијата кои сака да ги постигне. Нивна главна цел е да се поврзе компјутерот директно со човечкиот мозок.
Иако Neuralink е помалку или повеќе познат поради идејата, деталите на нивната работа до вчера не беа јасни. Како што беше истакнато во текот на првата презентација на компанијата, инженерите и научниците на Маск во 2020. година сакаат да го тестираат првиот уред, преку кој човечкиот мозок со директен физички мост би се поврзал со компјутерскиот систем.
Како што потврди самиот Елон Маск, спроведени се тестови на животни и “еден мајмун успеал да го контролира компјутерот преку сопствениот ум”. Еднаш кога уредите ќе бидат поврзани со човекот, можностите се бескрајни, но првата цел е да се олесни состојбата на болниот со оштетен рбет и лице со когнитивни проблеми.
Покрај на мајмун, тестовите се спроведени и на глувци.
Секако, крајната цел е соединување на човек и машина, односно креирање на симбиоза на човечкиот ум и компјутер.
Не треба да се биде премногу оптимист, бидејќи учењето на странски јазик со еден клик, засега е сепак само научна фантастика. За да се дојде до тоа, Neuralink најпрвин ќе мора да учи како мозокот воопшто функционира во контекст на поврзување со вештачките информациски системи.
Neuralink вчера презентираше и прототип на уред, кој со мозокот би можел да се поврзе преку жица, а низ дупка во лобањата. Креирањето на отворот е најнезгоден дел од вградувањето на уредот, но од Neuralink се надеваат дека класичните хируршки бушилки ќе ги заменат ласерите, кои работите ќе ги направат попријатни.
Уредот би се монтоирал со помош на апарат кој личи на машина на шиење, а со која со помош на игли, во мозокот би се уфрлале навој по навој.