Xiaomi Mi CC9e ќе биде официјално претставен денеска, а пред објавата телефонот е тестиран на Geekbench. Скриншотови од бенчмарк тестот не откриваат премногу детали за уредот – Mi CC9e користи Android 9 Pie софтвер, има 6GB RAM и осмојадрен 1.8GHz чипсет.
Судејќи според резултатите, кои се остварени на тестовите со едно и повеќе јадра, Xiaomi Mi CC9e би требало да има Snapdragon 710 или можеби Snapdragon 632 чипсет.
Знаеме дека Xiaomi Mi CC9e се разликува од стандардниот Mi CC9 модел по тоа што има 6.08-инчен дисплеј (а не 6,39 инчи), но остатокот од спецификациите не е познат и ќе биде официјализиран за време на денешната презентација.