Компанијата „Икеа“ го освои светот со мебелот по поволни цени, а сега го привлекува вниманието на јавноста со изградбата на поволни монтажни куќи, јавува Си-ен-ен.
Вортинг, град во јужна Англија, размислива да го прифати револуционерниот станбен концепт BoKlok, развиен од страна на „Сканска“ (шведска градежна компанија) и „Икеа“.
Шведска групацијата („Икеа“ и „Сканска“) досега има изградено над 11.000 домови низ Шведска, Финска и Норвешка. Новиот BoKlok концепт на градење, што во превод од шведски значи „живеј паметно“, акцентот го става на фабричка изградба на домови чии делови ќе можат брзо да се состават, што е начин да се намалат трошоците за изградба и на тој начин концептот да се доближи до просечниот човек. Овој иновативен модел на продажба може да предизвика и понатамошни промени во пазарот на недвижности.
Во овој момент со помош на споменатиот BoKlok концепт во Велика Британија би можеле да се изградат околу 160 куќи на земјиште под закуп од советот на општината. Така, можно е да се изградат трипати повеќе куќи на ограничено земјиште отколку што би се постигнало со традиционална градба. Околу 30% од објектите ќе бидат наменети за јавни цели, барем според планот објавен на интернет. Првите домови во Британија би можеле да бидат подготвени за вселување во рок од две години.