Според информациите од IHS Markit, Microsoft работи на уред со екран на преклоп во серијата Surface, кој ќе биде објавена во првата половина од следната година. Станува збор за компактен модел кој ќе има два 9-инчни екрани со сооднос 4:3.
Другите детали кои доаѓаат од извори од синџирот на снабдување, наведуваат дека уредот ќе ја користи најновата верзија на Windows 10 со име Windows Core OS (WCOS), кој ќе има интерфејс за два дисплеи, ќе се потпира на нов 10nm чип од Lakeeld серијата и ќе може да работи со Android апликации.
Исто така, очекуваме да обезбеди пристап до услугата iCloud и да нуди можност за поврзување со оператор. Информации за овој уред веќе се објавени, откако се откри дека се развива под кодното име Centaurus.
Во исто време, WCOS треба да биде „лесната“ верзија на Windows 10 која ќе се користи во евтини уреди со два екрани, развиени како конкуренти на Chromebook.
Microsoft напредува на работата на уредот и има направено внатрешни презентации на своите прототипови. Можно е премиерата да биде во октомври.