Wizz Air, најголемата нискобуџетна авиокомпанија во Централна и Источна Европа, денеска го објави лансирањето на својата нова мобилна апликација која е достапна за сите корисници на Android и IOS.
Глобалните трендови покажуваат дека улогата на мобилната комуникација е јасно зголемена. Во 2016 година околу 49% од трансакциите за е-трговија вклучуваат смартфон. Овoј тренд се очекува да се зголеми на повеќе од 80 проценти до 2020 година. Оваа тенденција е целосна во согласност со искуството на Wizz Air: Минатата година бројот на активни корисници на мобилни WIZZ апликации се зголеми од 2,6 милиони на 4,1 милиони.
Како авиокомпанија која се фокусира на обезбедување на најдобро можно искуство со клиентите Wizz Air одлучи да воведе сосема нова апликација која обезбедува лесна употреба за решенија на потребите на патниците, кои се секогаш во движење и им е потребен најбрз пристап до деталите за резервација.
Новата WIZZ апликација има сосема нова временска линија се со цел за да биде уште полесно да ги следи сите важни настани од патувањето од моментот на резервацијата до доаѓањето на летот, како и поедноставен проток на резервации и апликациона картичка за патување, која останува достапна и во офлајн режим без интернет конекција.
Новиот распоред на апликации и карактеристики можете да ги погледнете во следното видео: