НАТО годинава ќе настојува да ја прогласи Вселената како подрачје на војување, соопштоле четворица високи дипломати, пренесува Reuters, делумно и за да му се покаже на американскиот претседател Доналд Трамп дека Алијансата се прилагодува на новите закани, откако тој го потпиша планот за формирање нов род во американската армија – вселенските сили.
Со одлуката којашто би требало да биде донесена на самитот на челниците на земјите членки од 3-ти до 4-ти декември во Лондон, на кој ќе присуствува и американскиот претседател Доналд Трамп, би треабло да се признае дека битките повеќе не мора да се водат само на копно, во воздух и на вода, како и во компјутерскиот простор, туку и во космосот.
„Постои согласност за тоа дека би требало да го прогласиме космосот за простор за војување, а самитот во Лондон е најдоброто место тоа да стане службено“, изјавил висок дипломат на НАТО вклучен во дискусиите и предупредил дека за техничките прашања сѐ уште се разговара.
Дипломатите од НАТО демантираат дека би се војувало во Вселената, но велат дека нејзиното прогласување за место на војување би покранало расправа дали Алијансата би требала да употреби вселенско оружје во воздушната одбрана против непријателските ракети или уништување сателити.
„Одлуката за прогласување на Вселената за нов фронт на одбраната би можела да го убеди Трамп дека Организацијата на северноатлантскиот договор е корисен сојузник во одвраќањето на Кина“, растечката ривалска воена сила, рекле дипломатите.
Иако земјите членки на НАТО ги поседуваат 65 отсто од сите сателити во Вселената, комерцијалните кинески сателити нудат разни можности, од брз интернет во авионите до следење на ракетите и вооружените сили на теренот. Кина развива оружја кои ќе може да се користат во орбитата и стана првата земја чијашто сонда слета на темната страна на Месечината минатата 2018 година. Русија, којашто своевремено се сметаше за стратешки партнер на НАТО земјите во вселенските технологии, сега е непријателска сила за многу земји членки. Таа, исто така, е вселенска сила и една од ретките земји којашто може да лансира сателити во орбитата.
„Може да се војува исклучиво во Вселената, но оној кој ќе го контолира космосот, го контролира и она што се случува на копнното, по морањата и во водухот“, вели поранешниот функционер на НАТО, Џејми Шеј, сега аналитичар во тинк-тенкот „Friends of Europe“ во Брисел.
Се очекува дека министрите за одбрана на земјите членки на НАТО ќе се договорат за поширока вселенска политика на редовниот состанок во Брисел, иако тогаш сѐ уште нема да има одлука за прогласување на Вселената за оперативен домен на одбраната.
Друг дипломат порачал дека станува збор за одлука којашто ќе има силни последици и која е „подарок за Трамп“. Американскиот претседател, кој го искористи последниот состанок на НАТО ви јули минатата година да ги повика европските сојуници повеќе да издвојувааат за одбрата и ја обвини Германија дека е „заточеник на руската енергија“, во февруари годинава поптиша план за почесток на создавање американски вселенски сили.