Компанијата Huawei развива автономни автомобили во партнерство со разни производители на автомобили, како дел од програмата за развој на вештачка интелигенција (AI).
Кинескиот технолошки гигант пружа AI софтвер на бројни значајни производители на автомобили, вклучувајќи го Audi на Volkswagen и заедничкиот потфат на јапонска Tojotа и кинески GAC, вели извршниот директор на компанијата за Financial Times.
Две други кинески компании, Beijing New Energy Automobile и Changan Automobile, исто така соработуваат со оваа компанија, објави весникот.
Данг Веншуан, главниот архитект на стратегиите на Huawei, изјави дека компанијата и нејзините партнери работат на создавање автомобили што ќе може да бидат готови за испорака уште во 2021 година.
Тој додаде дека автомобилот ќе биде достапен во Европа и во Кина.