Google воведе мерач на брзина на својата апликација за Google Maps, овозможувајќи им на своите корисници да ја следат брзината со која што се возат во реално време.
Опцијата за следење на движењето во реално време може да се вклучи и исклучи во менито за нагодувања за навигација, а кога е вклучено, брзината на движење се прикажува во долниот лев агол на апликацијата додека патувате.
Оваа опција е само една во серијата новитети што пристигнаа во Google Maps, откако првично се појавија на апликацијата Waze што ја купи Google во 2013 година.
Индикатори за ограничување на брзината можеа и претходно да се забележат во одредени апликации, како и можноста за пријавување инциденти, кои им овозможуваат на другите возачи да известуваат за сообраќајни незгоди, полициски контролни пунктови, радари и слично.
Новата опција на Google Maps е достапна во Аргентина, Австралија, Белгија, Бразил, Канада, Чешка, Финска, Германија, Индија, Холандија, Полска, Португалија, Шведска, Тајван, Велика Британија и САД.