По експериментирањето со кожа, од HP сега се насочија кон развој на лаптопи од уште еден, друг природен материјал. На ред дојде дрвото, а серијата го носи називот Envy Wood.

Лаптоп моделите на HP- Envy 13, Envy 17, Envy x360 13 и Envy x360 15 добија дрвени верзии. Секако, не е целото куќиште од лаптопот изработено од дрво, туку со дрво се обложени само деловите на кои ги потпираме рацете додека ја користиме тастатурата.

Темните верзии на лаптопот се изработени со дрво од орев, додека за светлите верзии се користело дрво од бреза.

 

По компонентите и спецификациите, овие делумно дрвени лаптопи не се разликуваат од своите метални претходници, освен по тоа што нудат процесори на Intel од „новата генерација“ и како што велат од “HP”, втората генерација на AMD Ryzen со графички процесор Vega.

Овие несекојдневни лаптопи би требало да пристигнат на пазарот во текот на есента, а цената по која ќе се продаваат не е откриена.

Извор: Tportal.hr