Главниот град на Белгија го сопре инсталирањето на 5G мрежа низ земјата поради загриженоста за здравјето на граѓаните! „Не сакаме да бидеме заморчиња”.
Брисел го суспендираше воведувањето на 5G технологијата ширум земјата поради „здравствени проблеми” околу потенцијално опасното ниво на зрачење кое го емитираат антените.
„Не можеме да воведеме таква технологија, ако не се почитуваат стандардите на зрачење кои мораат да ги заштитат граѓаните”, изјави министерката за заштита на животната средина, Селин Фрималт.
Пилот проектот не е изводлив со сегашните стандарди на зрачење, а Фрималт изјави дека нема намера да направи исклучок, објави Brusseltimes.
Регионот на Брисел има посебно строги стандарди на зрачење за телекомуникациските апликации.
Стандардот од 6 волти по метар веќе доведе до проблеми и кај брзиот мобилен интернет низ 4G мрежата во главниот град на Белгија.
Минатата недела, владите во Белгија повторно не успеаја да постигнат договор за лиценца на 5G мрежата и нејзиното воведување во оваа земја.
Документите со овој случај останаа заглавени во дистрибуцијата. Следната влада која ќе дојде на власт ќе се позанимава со тој предлог, изјави минатата недела, министерот за телекимуникации Филип де Бакер.