Одлуката на Google да ги прекине сите врски со Huawei може скапо да ја чини компанијата на годишно ниво.
До оваа проценка дојде истражувачката компанија Instinet. Google за секоја преземена апликација на Play Store заработува 30 проценти, поради што Instinet проценува загуба помеѓу 375 и 425 милиони долари. Најголемиот удар ќе биде во Европа.
Instinet проценува дека во моментов Huawei има 500 милиони корисници ширум светот. Сепак, 52 отсто од нив се во Кина, каде што Google Play не е на располагање.
Поради тоа, Google ќе осети загуба на пазарите како што се Европа и Азија каде што веќе заработува од купување на апликации.
Google генерираше 7 милијарди долари преку Google Play Store во 2018 година, а делот од Huawei се проценува на 388 милиони долари.
Најголемиот дел од овие приходи доаѓаат во Европа, каде што Google генерира 190 милиони долари преку продажба на апликации на Huawei корисниците.
Извор: Telegraf.rs