Процедурата е едноставна, корисна и она што е најдобро – нема на било кој начин да му нанесе штета на вашиот мобилен телефон.
Повременото чистење на вашиот iPhone е многу добра навика од повеќе причини. За почеток, телефонот не ви изгледа валкано, а добро доаѓаат и неколку хигиенски бенефиции како помалку бактерии и нечистотии кои можат да ви го нарушат здравјето, ако уредот цело време го допирате на лице.
Конечно, ако уредот сте го полеале со течност, ќе сакате да го исчистите што побрзо, бидејќи постои шанса да не работи – посебно ако не е водоотпорен.
Да потсетиме, сите уреди од iPhone 7 до денес имаат вграден некој вид на заштита од прав и вода, но и натаму можат да се оштетат со течност и честички – посебно ако се завлечат во влезот за Lightning кабелот и одеднаш почнат да предизвикуваат губиток на контакти при полнење.
За почеток извадете го уредот од маската и исклучете го. Потоа, одспојте ги слушалките или ligtning кабелот и нежно со вода навлаженете крпа без влакна. Благо избришете го телефонот без премногу притискање и потоа едноставно исушете го со друга крпа.
Ако имате постар iPhone кој не е отпорен на вода, водете сметка за дополнителниот влез во кој ги приклучувате слушалките и пробајте со сува крпа што подобро да го исчистите од вишокот влага.
Ако имате постари модели, при чистењето може да ви помогне и малку медицински алкохол, со кој можете да го исчистите малиот слот за SIM картичка. Водете сметка дека тука воопшто не зборуваме за внатрешноста на уредот.