Петта година по ред, аеродромот Changi во Сингапур е прогласен за најдобар во светот, а очигледно нема намера да се симне од престолот во скоро време.
Оваа година, аеродромот Changi ја откри својот најнова атракција, Canopy park, кој ќе биде со големина од 11 олимписки базени, и ќе содржи интересни активности за децата како лавиринт од жива ограда, мостови со стаклено дно и дождовни шуми во затворен простор.
Changi се смета за златен стандард во светот на аеродромите, и претставува lifestyle дестинација, нудејќи им на своите минувачи микро посети на Сингапур, со своите затворени и отворени тропски градини, кровни базени, улични киосци, кино сали театри, и „километри“ шопинг продавници.
Кога комплексот Jewel Changi Airport ќе биде отворен за две години, а Canopy park ќе има површина од околу 1.300 м2.
Canopy park е создаден како дел од меѓународните консултанти од Велика Британија, Франција, Германија, Сингапур и Холандија, и е дизајниран како семејна оаза.
За родителите кои сакаат да ги „уморат“ своите деца додека го чекаат својот лет, тука се и Sky Nets, односно мрежи по кои може да оди и да се скока, а кои нудат поглед на пониските нивоа на овој дел од аеродромот.
Тука е и Canopy labirinte, дел кој содржи лавиринт од жива ограда и лавиринт од огледала, додека Discovery Slides се опишани како полу уметнички скулптури, односно полу-игралишта. За најдобриот поглед на Rain Vortex, највисокиот водопад во затворен простор со висина од 40 метри, посетителите ќе можат да се прошетаат преку Canopy мостот, кој ќе се наоѓа на височина од 23 метри.