Извршниот директор на Tesla и на SpaceX, Елон Маск изјави дека вработените во Tesla ќе останат без пари за 10 месеци доколку сериозно не се намалат трошоците.
Маск ова им го изјави на новинарите преку мејл во кој напиша дека намалувањето на трошоците е нужно и покрај заработката од 2,7 милијарди долари.
Маск и неговиот директор за финансии, Зак Киркхорн ќе ги прегледаат трошоците во компаниите ширум светот, почнувајќи од платите до патните трошоци. Tesla го заврши првиот квартал од 2019 година со заработка од 2,2 милијарди долари во готовина.
Ова не е прв пат милијардерот да најави финансиски крах. Неодамна најави и опуштање на 3.000 работници.
Извор: B92.net
Поврзани артикли