Јапонската компанија Panasonic одлучи да прекине испорака на одредени компоненти за кинескиот производител на телекомуникациска опрема Huawei, откако САД воведоа рестрикции за извоз за таа компанија.
– Бројот на производи што се погодени од таа одлука е ограничен и тешко дека ќе има какво било влијание на профитот – тврди претставник на Panasonic.
Компонентите што се во прашање се поврзани за паметните телефони. Panasonic испорачува делови за телефоните на Huawei.