Мобилната технологија напредува со голема брзина – екраните на телефоните се се поголеми, па на нив без проблеми можеме да уживаме во сериите, филмовите и натпреварите , хардверот е се помоќен, па најсилните модели ги покренуваат графички захтевните игри, а со 5G мрежите ќе сурфаме уште побрзо на интернет. Но, ако сте корисник кој не се одвојува од својот уред, веројатно нема во целост да уживате во сите можности, бидејќи постојано треба да имате на ум дека сурфањето, играњето игри и слично ја празни батеријата на телефонот, па ако немате полнач во близина, треба да бидете сериозни со потрошувачката.
Постојат бројни совети за тоа како можете да ја намалите потрошувачката на батеријата и да добиете некоја минута или час подолго траење (на пример dark mode, гаснење на локациски услуги и слично), но во некои случаи, причина за неочекувано брзото празнење на батеријата воопшто не мора да биде во начинот на кој го користите уредот или во постарата батерија, туку во самите апликации. Една од таквите апликации која на Android брзо ја троши батеријата, дури и кога не е стартувана е – Netflix. Но, Netflix прави проблеми само за одреден број на корисници, и тоа на мобилните уреди кои работат на постарите верзии на оперативниот систем на Google.
Како што пренесува Independent, проблемите се пронајдени на постарата верзија на Netflix апликацијата на Android 6 – се работи за верзија на мобилниот оперативен систем на Google, претставена уште во 2015. година, но на неа и натаму работат голем број паметни телефони, околу 17 проценти. Токму корисниците на телефоните кои ги покренува оваа верзија на Android, имаат проблеми со Netflix, но за среќа проблематична е само раната верзија на оваа апликација (има грешка во кодот поради која апликацијата продолжува со рабора во позадина, иако не се користи) и проблемот може да се реши со нејзина надградба на нова верзија.