Motorola го претстави својот нов смартфон од линијата Motorola One наречен One Vision.
Смартфонот доби 6,3-инчен LCD екран со формат 21:9, кој е совршен за гледање филмови – тренд на кој во последно време се приклучија неколку поголеми производители. Овој екран Motorola го нарече CinemaVision. Тоа не е најостриот панел на светот, со резолуција од „само“ 2.520х1.080 пиксели, посебно кога ќе се земе предвид големината на уредот. Но, и без тоа, овој уред е достоен за да се нарече флегшип модел. Во горниот лев агол се наоѓа мала, кружна дупка во која е сместена селфи камерата.
На задната страна се наоѓа камера од 48MP, но по фотографирањето ќе добиете фотографија од 12MP поради методата QuadPixel за комбинирање на четири пиксели во еден, поголем 1,6µm пиксел. Ова резултира во четирипати поголема осветленост и поостра фотографија. Другата задна камера се користи само за длабочина.
Предниот дел крие селфи камера од 25MP која ќе прави фотографии во максимална резолуција само во идеално осветлени услови, додека во полоши услови резолуцијата ќе биде намалена за експозицијата да биде ставена како приоритет.
Ова е сепак уред со средни спецификации, што всушност и го покажуваат процесорот Samsung Exynos 9609, 4GB RAM и 128GB внатрешна меморија, која може да се прошири преку microSD мемориска картичка. Уредот го напојува батерија со капацитет од 3.500 mAh.
Motorola One користи оперативен систем Android One, а на европскиот пазар ќе се појави во наредните месеци.
Извор: Klix.ba