Со оваа казна е надмината претходната рекордна казна која беше изречена во монополскиот случај против американскиот производител на чипови Intel во износ од 1,06 милијарди евра.
Имено, Google ги прекршил правилата на конкуренцијата со својот „онлан шопинг“ сервис. Легендарната компанија е обвинета дека својот сервис Shopping Box го ставала на врвот на резултатите на пребарувањето, што направи останатите сајтови за купување да бидат помалку видливи.
„Google ја злоупотреби пазарната доминација како најпопуларен пребарувач на светот, давајќи им незаконита предност на сопствените услуги за шопинг. Она што Google го направи е незаконски кон антимонополските прописи на ЕУ. Google на другите компании им ја ускрати приликата за натпреварување на основа на заслугите и иновациите, се наведува во соопштението на европската комесарка за заштита на конкуренцијата, Маргарет Вестагер, пренесува агенцијата Франс Прес.
Google, исто така, ги ускрати европските корисници за слободен избор на услуги и за полни бенефити на иновации, се наведува во соопштението. Со оваа казна е надмината претходната рекордна казна која беше изречена во монополскиот случај против американскиот производител на чипови Intel во износ од 1,06 милијарди евра.
Најновата одлука доаѓа помалку од една година откако комесарката Вестагер го шокираше светот и Вашингтон, кога му наложи на американскиот производител на iPhone, Google да и исплати на Ирска 13 милијарди евра на име на неплатен данок.