Кога се преземаат фотографии од интернет, што е честа пракса, потребно е да се наведе изворот на истите. Програмата на Getty музејот за отворени содржини нуди повеќе од 114.000 слики кои може да ги преземете и да ги користите бесплатно.

Сѐ што треба да направите е да го напишете соодветниот извор. Getty Search Gateway е најдобриот начин да најдете слики во програмата. Пребарувачот Ви дозволува да го филтрирате пребарувањето по материјал, вид, тема, име, извор и локација.

Кога ќе ја пронајдете саканата слика, кликнете на насловот за да дојдете до нејзината страница, каде што може да дознаете повеќе за неа.

Ова е добар извор на слики кои може да се користат на часови по историја на уметност, а исто така овде може да се најдат и добри слики за презентации.

Фотографиите побарајте ги на следниот ЛИНК.