Instagram константно ја развива својата функционалност, а сега сервисот на Facebook работи на новата функција која на корисникот му овозможува споделување на фајлови само со специфична група луѓе. Функцијата се вика “Favorites” и се однесува на објавување во рамките на “InstaStory”.
Постои цела плејада на луѓе кои ги следиме на Инстаграм, бидејќи знаеме дека тие нè следат. Без оглед на причината, факт е дека некогаш навистина нè замараат со своите објави. Постои опција да не ги следиме, но тогаш ќе знаат дека повеќе не ги следиме. Како да ја сокриеме нашата трага и да не ги гледаме фотографиите од луѓето кои не ги сакаме, а да не ги избришеме од пријатели?
Инстаграм моментално работи на опцијата „Favourites“ односно омилени корисници. Целта на оваа опција е со зелена боја да се означат луѓето со кои ќе ги споделувате фотографиите и чија содржина ќе ја гледате. Луѓето кои се на листата или кои се отстранети од листата нема да знаат дека се на неа или надвор од неа.
Оваа опција моментално е во тест фаза, па наскоро се очекува да биде достапна за сите.