Протечените детали за Honor 20 Pro телефонот го покажаа имплементирањето на првата перископ камера во ова семејство теелфони (откако беше имплементирана во моделите на Huawei). Сега најновите информации даваат повеќе детали за спецификациите на камерата, која има единствена функција.
Honor 20 Pro ќе има традиционална 8MP камера со 3x оптички зум и OIS поддршка. Главната камера од 48MP ќе има Sony IMX586 сензор (оптички стабилизиран), кој го користеше и Honor View 20. На крајот, се очекува и 16 MP камера.
Меѓутоа, карактеристиките на камера системот не завршуваат овде. Помалата камера е означена како “2MP Macro”, што би била прва доделена камера на смартфон (Huawei P30 Pro имаше автофокус на ултрашироката камера и тоа го користеше како макро). Камерата на Honor моделот има големи 1.75µm пиксели.
Телефонот има и ласерски автофокус, кој ќе асистира кај брзината и прецизноста на фокусирање, но не и за бокех ефекти.