Досега веќе имавме прилика да видиме голем број необични тестови на издржливост за Redmi Note 7 (вклучувајќи сечење на уредот или негово газење). За да докаже дека теелфонот го карактеризира ненадминат квалитет на изработка, Redmi сега испрати еден примерок во вселаната.
Смартфонот креираше фотографии на височина од преку 32.000 метри, по што беше спуштен на земја без никакви големи оштетувања,
Голем број ентузијасти досега испраќаа GoPro камери и други уреди во вселената со помош на метеоролошки балон, но ова е прв пат на една таква авантура да биде испратен уред на Huawei. Redmi Note 7 дури и креираше фотографии, кои подоцна беа објавени на Twitter профилот на кинескиот производител.
Интересни е дека на височина од 35.375 метри и при 1 KPa атмосферски притисок, балонот пукна, што инсталацијата со телефонот ја врати на Земјата. Иако целосниот систем падна од огромна височина, вистинско чудо е дека не е оштетен.
Поврзани артикли