Германската полиција затвори еден од најголемите сајтови за илегална онлајн трговија во т.н. темна мрежа (Даркнет) и уапси тројца мажи за незаконско управување, соопштија обвинителите.
Операцијата на Интерпол, холандската полиција и ФБИ доведе до апсење на двајца големи увозници на нелегални наркотици во САД.
Незаконското сајт „Вол стрит маркет” дозволувал продажбата на кокаин, хероин, марихуана и амфетамини, како и украдени податоци, лажни документи и малициозен софтвер.
На интернет страницата можело да се влезе преку криптирана Тор мрежа за да ги заштити клиентите од откривање, а трансакциите се исполнувале преку криптовалутите Биткоин и Монеро.
Менаџерите на страницата добивале провизија од 2 до 6 проценти од вредноста на продажбата.
Германската полиција уапси тројца осомничени на возраст помеѓу 22 и 31 години на 23 и 24 април.
Запленети се сервери, 550.000 евра во готовина и илјадници во Биткоин и Монеро, неколку возила и пиштол.
Полициската операција започна откако финската полиција претходно оваа година затвори нелегална интерет страница Силккитие (Валхала).
Поврзани артикли