Ако не успее идејата за телефони на преклоп, Samsung има уште една поинтересна идеја. Јужнокорејската компанија неодамна патентираше уред кој поседува дури три екрани.
Оваа можност би требало да има различна примена, корисниците би можеле да им покажат на другите како изгледаат пред да ги фотографиираат или користат превод на јазик во живо на задниот екран.
Исто така, корисниците би можеле да изберат кој дел од екранот сакаат да го активираат, предниот или задниот, така што ќе преминат со раката или со пенкало. Наместо за зависат од селфи камерата, корисниците би можеле да ја користат супериорната задна камера за селфи фотографија благодарејќи на задниот екран. Преводот на јазици е особено интересна идеја, бидејќи би можела да им овозможи на корисниците да зборуваат и истовремено да го гледаат преводот на јазикот на лицето со кое разговараат и тоа без потреба од вртење на уредот.
Третиот екран би служел за известувања и на тој начин би функционирал како пејџер и ќе им овозможи на корисниците да гледаат пораки и слично. Треба да се потенцира дека сè уште не гарантирано дека Samsung навистина ќе го произведи овој уред.
Извор: Klix.ba