На интернет се појавија кадри на кои се гледа слетување на тактичкото извидувачко беспилотно летало „Орлан“ на палубата на ракетната фрегата „Адмирал Есен“.

На копно беспилотно летало од овој тип се спушта со помош на падобран. Меѓутоа, за спуштање на извидувачкиот дрон на палуба на воен брод руските конструктори од Санкт Петербург осмислија посебен систем кој се состои од платформа на надувување висока три метри која ја прекрива непробојна мрежа, пренесува интернет-порталот РГ.

Негово слетување има сличен ефект како кога фудбалска топка ќе се заплетка во мрежа на фудбалски гол при постигнување погодок.

Самата технологија на слетување на подвижна платформа со ограничена површина како што е брод е многу сложена задача. На самата успешност на слетувањето битно влијаат и временските услови како што е ветровитото време кое е многу често на отворено море. „Операторот при изведувањето слетување мора да оствари целосна контрола над беспилотното летало, да ја намали неговата брзина на минимум, како и прецизно да го центрира правецот на неговата траекторија. Меѓутоа, применетиот систем реализиран на фрегатата „Адмирал Есен“ дозволува целата постапка да се изврши во автоматски режим на работа“, изјави за ТВ-каналот „Ѕвезда“ главниот конструктор на беспилотни летала Роман Иванов.

Овие кадри можете да ги видите на 23:40 минута од видеоснимката која можете да ја погледнете во продолжение на текстот.

Извор: Russia Beyond