Апликацијата за испраќање и примање пораки – WhatsApp, на своите корисници може да им оневозможи правење „screenshot“ од своите разговори, пренесува WABetaInfo.
Во објаснувањето за опцијата стои дека корисниците ќе можат да одговараат на пораки и повици додека апликацијата им е заклучена.
WABetaInfo пренесува дека сè уште не е јасно зошто WhatsApp би забранил снимки на екранот ако корисникот со отисок на прст го потврдил својот идентитет.
„Не ми е јасно. Кој го смислил ова? Зошто ова треба да биде корисно? Со отисок го потврдувате идентитетот, тоа значи дека вашиот разговор е сигурен. Зошто би било блокирано снимање на екранот? Па станува збор за ваш разговор во ваша апликација. Би требало да правите што и да посакате“, напишал еден Твитер корисник.
Треба да се напомене дека оваа опција моментални е во фаза на тестирање и дека сè уште не е достапна за корисниците, а не се знае ниту кога ќе биде.