Huawei Technologies во понеделникот објави дека приходите во првиот квартал се зголемиле за 39% на 179,7 милијарди јуани (26,81 милијарди долари).
Компанијата со седиште во Шенжен, најголемиот производител на телекомуникациска опрема во светот, исто така, соопшти дека нето профитната маржа за првото тромесечје изнесувала околу 8%, што е малку повеќе од истиот период минатата година. Huawei не објави податок за нето профитот.
Кинеската компанија, која е трет производител на паметни телефони во светот, минатата недела изјави дека бројот на договори кои ги усвои за да се обезбеди опрема за 5G телекомуникации е уште поголем и покрај американската кампања.
До крајот на март, Huawei има потпишано 40 комерцијални 5G договори со даватели на услуги, испорачал повеќе од 70.000 базни станици 5G на пазарите низ целиот свет и се очекува да испорача 100.000 до мај.
Huawei е водечки светски производител на опрема за новата 5G генерација на мобилни мрежи која на паметните телефони ќе им обезбеди речиси инстант конекција, но на западните пазари наишле на отпор поради стравувањата од можен пристап на Пекинг до важната инфраструктура.
Проблем за компанијата претставува и апсењето на финансискиот директор Менг Вангжу во декември 2018 година во Канада. Менг беше уапсена по наредба на САД, под обвинение дека компанијата ги запоставила американските санкциите против Иран.
Во одделен случај, две филијали на Huawei оваа година исто така се обвинети и за кражба на деловни тајни на американскиот T-Mobile.