Трикратен успех за „Шкода“ во овогодишниот избор за најдобри автомобили со погон на сите тркала. Читателите на германското списание за автомобили Auto Bild Allrad доделија повеќекратни награди на „Шкода“, со што ја продолжија серијата на значителни успеси за чешкиот бренд.
„Шкода суперб“ 4×4 по десетти пат ги освојува многу посакуваните ловорики, оваа година како најдобро возило во категоријата „Патнички автомобил со погон на сите тркала“.
„Октавија скаут“ победи во категоријата „Кросовер со погон на сите тркала“, со што се закити со својата петта награда за „Автомобил на годината со погон на сите тркала“.
„Кодиак“ 4×4 го зазема првото место во категоријата „Најдобро теренско и SUV возило”. Ова претставува повторување на достигнувањето на „Кодиак“ од 2017 година, кога читателите на најчитаното списаније за автомобили во Европа ја доделија титулата на овој SUV од „Шкода“ во неговата дебитантската година.
Оваа година се одбележува 18-тиот избор за „Автомобили со погон на сите тркала“ од страна на читателите на магазинот Auto Bild. Севкупно, 211 модели на возила низ десет категории влегоа во конкуренција за наградите. Од 4 јануари до 1 февруари 2019 година, читателите на Auto Bild Allrad беа поканети онлајн да гласаат за своите омилени возила.
Помеѓу наградените модели на чешкиот бренд, верзијата на 4×4 на „суперб“ постигна најдобар индивидуален резултат помеѓу натпреварувачите освојувајќи 9,97 проценти од гласовите. 8.18% од читателите на магазинот гласаа за „октавија скаут“, додека „кодиак“ 4×4 освои 7,80 отсто од гласовите.
Возачите кои преферираат возила со погон на сите тркала имаат долга историја со брендот „Шкода“. Чешката марка ги развила своите први прототипови на возила со повеќе од една погонска оска кон крајот на 1930-тите. Современиот и многу успешен систем на „Шкода“ 4×4 ја започна својата приказна во 1999 година со „Октавија комби“ 4×4. Оттогаш, „Шкода“ произведе повеќе од 700.000 возила со погон на сите тркала. Со оглед на постојано зголемување на побарувачката во оваа категорија на возила, „Шкода“ постојано го проширува својот опсег на 4×4 возила во текот на последните четири години. Денес, „карок“ и „кодијак“, како и „октавија“ и „суперб“ се достапни со погон на сите тркала.