Аpple ги изненади корисниците со премиерата на „евтиниот“ iPhone SE, што беше претставен во 2016. година. Уредот беше фокусиран на ниската ценовна класа и е дизајниран како компактна алтернатива на поголемите верзии на паметни телефони. Многу луѓе покажаа интерес за наследник на овој модел, но компанијата официјално го сопре производството на iPhone SE во 2018 година.
Сепак, Apple не се откажува целосно од идејата и всушност планира да претстави наследник на iPhone 8, наместо на iPhone SE. За разлика од најевтиниот модел од најновата генерација iPhone Xr, претстојниот смартфон ќе биде со значително помал екран. Новиот модел можеби ќе се вика iPhone XE и ќе има 4.7-инчен дисплеј со OLED технологија со Full HD резолуција и со веќе застарените рамки околу екранот, како и физичкото home копче. Би работел на поновиот процесор A13, а се предвидува и дека ќе има една камера на задната страна, како и простор за податоци од 128 GB.
Презентацијата на овој уред се очекува да се случи на почетокот на следната година, а цената би требало да изнесува околу 650 долари.